Руската авијација за 48 часа уништи 237 терористички објекти во Сирија

Авионите на ВКС РФ во текот на изминатите два дена извршиле напади врз 237 објекти на „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра” во Сирија.

Авионите на ВКС РФ во текот на изминатите два дена извршиле напади врз 237 објекти на „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра” во Сирија, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков, а пренесува „Взгљад”.

„Од базата Хмејмим за 48 часа се реализирани 131 лет во текот на кои е уништено 237 објекти на терористите во провинциите Хама, Латакија, Хомс, Дамаск, Алепо и Рака”, рече Конашенков.

Според неговите зборови, во близина на населеното место Хараста ел Катара во провинцијата Дамаск е елиминиран склад на ИД. Со наведувана бомба бункерот со муниција е во целост уништен. Тој додаде дека во областа Тадмор во провинцијата Хомс ловците Су-25 нанеле удари врз утврдувања на терористите со што ги уништиле, како и подземни скривници и позиции на противракетна артилерија на кои се наоѓале два ЗСУ-23.

„Во предградието на населбата Алепо бомбардери Су-34 гаѓаа камп за обука на терористи од други земји. Во текот на нападот е погоден склад со муниција, како и инфраструктура за обука”, истакна Конашенков.

Тој додаде дека во близина на населбата Салма во Латакија на врвот на тактички важна кота е уништен команден пункт за комуникација на групата „Џебхат ан-Нусра”, додавајќи дека силата на предавателот успевала да ја попречува радиоврската на сириската војска.

„Во близина на  Кафер-Нбуда во провинцијата Хама авиони Су-25 нападнаа утврден пункт на терористите на кој се наоѓаа две оклопни возила, како и две товарни возила со противавионски топови ЗУ-23”, рече Конашенков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња