Телата на 171 патник и членови на екипажот на авионот Ербас А321 на компанијата „Когалимавиа“ што се урна во Египет беа најдени на местото на падот, соопшти за РИА „Новости“ претставник на оперативниот штаб на местото на несреќата.
„Досега се откриени 171 тело на загинатите, исто така има голем број фрагменти од човечки тела“, изјави соговорникот на агенцијата.
Според неговите зборови, телата на загинатите ги носат во мртовечниците во Каиро заради понатамошни оперативно-истражни дејствија.
Претходно спасувачите кои работат во зоната на падот на авионот добија детални сателитски снимки на кои јасно се гледаат остатоците од паднатиот авион, соопшти в.д. началник на Центарот за управување со кризи при Министерството за вонредни состојби на Русија Алексеј Смирнов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче