САД: Русија веќе не е суперсила и затоа не сме со неа во студена војна

Русите стануваат сѐ повеќе свесни дека нивни единствени пријатели, кои се подготвени да се борат со нив, се сириската влада и иранскиот режим, изјави протпаролот на Белата куќа.

Русија веќе не е суперсила и затоа не станува збор за студена војна меѓу Москва и Вашингтон, изјави во четвртокот, 29 октомври, портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

„Состојбата на руската економија е сѐ полоша. Русија е сериозно изолирана. И тоа не само од страна на европските земји“, изјави Ернест, а пренесува „Взгљад”.

Според енговите зборови, „колку повеќе заглавуваат во калта на внатрешниот конфликт во Сирија, Русите сѐ повеќе се свесни дека нивни единствени пријатели, кои се подготвени да се борат со нив, се сириската влада која се прпелка и иранскиот режим“.

Ернест исто така изјави дека „Русија денес нема толкаво влијание во светот какво што имаше во свое време Советскиот Сојуз“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња