Имплантирањето на тироидна жлезда, отпечатена на 3D печатач, во лабораториски глувчиња, помина успешно, соопшти на 30 октомври на форумот „Отворени иновации“ Дмитриј Фадин, директор за развој на руската лабораторија „3D Bioprinting Solutions“. Компанијата ветува дека ќе ги објави податоците од своето истражување во текот на следната недела.
“Имавме некои компликации во процесот на истражување, меѓутоа жлездата се покажа во целост функционална“, соопшти Фадин за „Руска реч на македонски“.
„3D Bioprinting Solutions“ отпечати на биопринтер жлезда – поточно, нејзина „органска конструкција“ во март годинава. Уште тогаш научниците од лабораторијата изјавуваа дека се подготвени да отпечатат човечка жлезда, доколку експериментот помине успешно.
Компанијата употребила постојна технологија за 3D печатење со чија помош се добива пластика, керамика, метали и адаптирала за неа биолошки материјал, т.е. клетки. На глувчињата пред пресадувањето на вештачката жлезда им ја „ископаа“ природната со помош на радиоактивен јод. Повеќе детали за експериментот можете да прочитате на англиски јазик овде.
Лабораторијата е основана во 2013 година од страна на Владимир Миронов – инжинер за ткива, коосновач на две стартап компании во САД - Cardiovascular Tissue Technology и Cuspis.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче