Успешно лансирана ракета „Јарс” од космодромот „Плесецк”

Ракетните сили за стратешка намена и Воздушно-космичките сили на Русија успешно извршија пробно лансирање на ракета „Јарс”.

Ракетните сили за стратешка намена и Воздушно-космичките сили на Русија успешно извршија пробно лансирање на балистичка ракета „Јарс” опремена со повеќе боеви глави од космодромот „Плесецк” на полигонот „Кура” на Камчатка, пренесува РИА „Новости”.

„Боевите глави стигнаа на зададеноот подрачје на полигонот „Кура“ на полуостровот Камчатка. Зададените цели се постигнати, задачите реализирани во целост“, рече портпаролот на РССН на Министерството за одбрана Игор Егоров.

Ракетниот систем „Јарс” има дострел поголем од 11 илјади километри. Руските стручњаци тврдат дека не може да биде запрен од ниеден постоечки одбранбен и противракетен систем на светот. За разлика од „Топољ-М“, новиот ракетен систем има неколку нуклеарни боеви глави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња