Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека не се планира проширување на операцијата на ВС РФ на територијата на Ирак. „Не, такви планови, се разбира, нема и не може да има, затоа што немаме барање од ирачката влада за помош за Ирак“, изјави тој на заседанието на клубот „Валдај“.
Шефот на руската држава додаде дека притоа Русија соработува со Ирак преку испорака на оружје и размена на информации преку Информативниот центар во Багдад.
Говорејќи за операцијата во Сирија, Путин потенцираше дека самиот ги проучува снимките од воздушните удари врз позициите на терористите во Сирија. „Таму експлодира толкаво количество муниција што се разлетува во воздух речиси до самите авиони. Имам впечаток дека муницијата и оружјето се собрани од целиот Блиски Исток... И реално се поставува прашањето – од каде пари за тоа?“, истакна тој.
Путин исто така изрази увереност дека на сириската армија сѐ уште ѝ претстојат успеси, иако сега, според неговите оценки, остануваат скромни, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче