Турција, која не им се приклучи на антируските санкции, почна по морски пат да испорачува на Крим свежо и суво овошје, соопшти регионалната управа на Федералната ветеринарска и фитосанитарна инспекција на РФ.
Од 1 до 19 октомври во пристаништата во Севастопол и Евпаторија увезено е преку 385 тони турско свежо и преку 20 тони суво овошје, пренесува „Взгљад”.
На почетокот на октомври исто така беше соопштено дека во моментот преку 20 инвестициски проекти на турскиот бизнис се наоѓаат во фаза на договор со властите на Крим. Главните сфери за соработка се поморскиот сообраќај (траекти), телекомуникациите и градежништвото.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче