Руската авијација денеска извршила напади врз 49 објекти на ИД

Од воздушната база Хмејмим се извршени 36 летови и нападнати 49 објекти во провинциите Хама, Идлиб, Латакија, Дамаск и Алепо.

Руските Воздушно-космички сили извршија 39 борбени летови и нанесоа 49 удари врз инфраструктурни објекти на терористите од „Исламската Држава” во Сирија, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, руските авиони во текот на 16 октомври уништиле фабрики за производство на експлозивни направи, три артилериски позиции, девет складови за оружје и муниција, две бази со воена техника, 15 кампови и терористички бази, осум утврдени подрачја и одбранбени позиции.

„Сите руски авиони по изведувањето на борбените мисии се вратија на базниот аеродром Хмејмим. Исто така, сакам да нагласам дека руските беспилотни летала на небото на Сирија продолжуваат да ја следат ситуацијата“, заклучи генералот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.