Косачов: Русија воспостави контакти со умерената опозиција во Сирија

Москва воспостави контакти со умерената сириска опозиција, но не е убедена дека соговорниците ја претставуваат „Слободната сириска армија“, и бараат помош од трети страни, изјави шефот на меѓународниот комитет на рускиот Совет на федерацијата Константин Косачов.

Според мислењето на шефот на меѓународниот комитет на рускиот Совет на федерацијата Константин Косачов, умерената опозиција теоретски може да се покаже како сојузник на Русија во борба со терористите од ИД. Тој исто така потенцираше дека Русија неколкупати се обраќала до трети страни со барање да помогнат за воспоставување контакт, соопштува „Взгљад“.

„Таквите контакти постојат, но ние сепак не сме до крај убедени дека оние, кои од другата страна одговараат на телефонските повици, фигуративно кажано, навистина ја претставуваат токму таа ослободителна армија. Затоа тоа е голем проблем за Сирија. И ми се чини дека со текот на времето само ќе се продлабочува, а не да го бара своето решение“, рече Косачов.

Во петокот беше објавено дека амбасадорот на Русија во Лондон  Александар Јаковенко на средбата со политичкиот директор а британското МНР побарал помош за воспоставување контакти со „Слободната сириска армија“ за координација на напорите во борбата против ИД.

Во четвртокот еден од основачите на „Слободната сириска армија“  Фахд ал-Масри соопшти дека му соопштил на заменик-министерот на МНР Русија Михаил Богданов за подготвеноста на ССА на дијалог со Москва и Дамаск.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња