Европската комисија со осуда за „Северен тек 2“

„Северен тек 2“ не само што ќе ја зголеми зависноста на Европа од еден дистрибутер, туку ќе ја зголеми зависноста и од една маршрута“, изјави еврокомесарот за климатски и енергетски прашања Мигел Ариас Кањете.

Еврокомесарот за климатски и енергетски прашања Мигел Ариас Кањете изјави дека новиот проект на „Гаспром“ - „Северен тек 2“, не ги задоволува интересите на Европската унија. Според зборовите на комесарот кажани во Стразбург пред членовите на Европскиот парламент, гасоводот не одговара на стратегијата за диверзификација на изворите и маршрутите за испорака на гас, пренесува „ТВ Ѕвезда“.

„Доколку гасоводот биде изграден, тоа не само што ќе ја зголеми зависноста на Европа од еден дистрибутер, туку ќе ја зголеми зависноста и од една маршрута“, изјави Кањете.

Според него, „Северен тек 2“ ќе доведе до доминантна положба на руски „Гаспром“ на пазарот со тоа што ќе го зголеми неговиот удел од сегашните 40% на 60%, а Европската комисија сака да ја види Украина како дел од патот за испорака на гас во ЕУ. „Гаспром“ предвидува изградба на гасоводот „Северен тек 2“ до крајот на 2019 година.

Украинските власти повеќепати бараа од Европската комисија да ја спречи изградбата на „Северен тек 2“, затоа што овој проект ќе го лиши Киев од парите од транзитот на гас. Сега Украина добива околу 2 милијарди долари годишно за транспорт на енерго-ресурси.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.