Русија ќе претстави повеќе од 120 филмови од 5 до 8 октомври во Кан на меѓународниот саем за аудиовизуелна содржина MIPCOM, а основниот акцент годинава ќе биде ставен на анимацијата, соопштија организаторите на штандот „Руско кино“ (Russian cinema).
Саемот MIPCOM се одржува по 31 пат, а секоја година манифестацијата ја посетуваат над 13000 лица од индустријата за забава кои доаѓаат од над 100 земји во светот, пренесува РИА „Новости“.
„Во состав на штандот Russian cinema влегоа 33 компании, кои ќе донесат во Кан за меѓународна дистрибуција играни и телевизиски филмови, долгометражни анимирани филмови и цртани серии. На штандот вкупно ќе бидат претставени 123 филмови“, се вели во соопштението.
Годинава посебен фокус ќе има врз руската анимација. Ќе бидат претставени веќе добро познатите во странство долгометражни франшизи „Снежната кралица“, сериите „Маша и мечокот“, „Фиксики“, „Лунтик“, како и низа нови проекти, меѓу кои се долгометражните филмови во фаза на продукција „Волци и овци“, „Урфин Џус и неговите дрвени војници“, „Алиса знае што да прави!“, анимираните серии „Планета Ai", „Трите мачори“, „Камиончето Лева“, „Меури“ и „Бими“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче