Според информациите на генералниот директор на концернот „Калашников“, (дел од државната корпорација „Ростех“), компанијата ќе пристапи кон сериско производство на наведувани ракети „Вихр-1“.
Летото 2013 година „Калашников“ склучи државен договор со Министерството за одбрана за производство и испорака на ракети „Вихр-1“ во вкупна вредност од 12,5 милијарди рубли. Ова е најголемиот договор на концернот за производство на високопрецизно оружје последниве години.
Стапувањето на ракетите „Вихр-1“ во вооружувањето на војската се планираше да биде кон крајот на 2015 година, меѓутоа сега роковите можат да бидат продолжени на неопределено време.
Според зборовите на генералниот директор на претпријатието Александар Криворучко, „имаше прашања околу замената на увозот, но до денес сите се решени“.
„Вихр-1“ е наведувана ракета со преклопни крила, наменета за уништување на оклопна техника и воздушни цели што летаат со мала брзина (до 800 км/ч). Целите кои се наоѓаат на растојание од 4 км, ракетата ги достигнува за само 9 секунди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче