Кремљ: Основната задача на Военото воздухопловство на Русија во Сирија е борба против тероризмот

Основната задача на вклучувањето на Военото воздухопловство на Сирија во операциите во Сирија е борба со тероризмот и поддршка во тие напори за легитимните власти на земјата, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Основната задача е борба со тероризмот и поддршка на легитимната власт на Сирија во борбата со тероризмот и екстремизмот“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Русија може да гарантира дека ударите на Военото воздухопловство на Русија ќе бидат нанесувани само врз позициите на „Исламската држава“, пренесува РИА „Новости“.

Песков исто така потенцираше дека Русија ќе биде единствената земја која спроведува операција во Сирија на легитимна основа – на барање на властите на таа земја.

„Употребата на вооружените сили на територија на трети земји е можна единствено или со резолуција на Советот за безбедност на ООН или на барање на легитимното раководство на таа земја. Во дадениов случај Русија фактички ќе биде единствената земја која ќе ја спроведува оваа операција врз легитимна основа, поточно на барање на легитимниот претседател на Сирија“, изјави Песков.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.