Путин: Не може на сите земји да им се наметнува ист модел на развој

Никој не е должен да се прилагодува на еден модел на развој кој некој го прогласил за единствено правилен за сите времиња, изјави рускиот претседател Владимир Путин на 70 сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин апелираше дека треба да се почитуваат различните земји и да не им се наметнува ист модел на развој.  

„Сите сме различни и спрема тоа треба да се однесуваме со почит“, изјави Путин. „Никој не е должен да се прилагодува на еден модел на развој кој некој го прогласил за единствено правилен за сите времиња“.

Според него, „истото се однесува и на таканаречената легитимност на државната власт”. „Не треба да се игра и манипулира со зборовите”, изјави Путин. „Во меѓународното право, во меѓународните односи секој термин треба да биде јасен, разбирлив и треба да има исто значење“.

Претседателот на Русија додаде дека главното прашање на државноста е слободата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.