„Оскарот“ ќе добие „Сончаница“ од Михалков

Филмот „Сончаница“ на режисерот Никита Михалков е кандидатот на Русија за наградата „Оскар“ во номинација за „Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“.

Филмот „Сончаница“ на режисерот Никита Михалков е кандидатот на Русија за наградата „Оскар“ во номинација за  „Најдобар филм на неанглиско говорно подрачје“, пишува ТАСС.

Филмот е создаден по мотивите на делата на рускиот класик Иван Бунин – расказот „Сончаница“ и книгата „Проклети денови“. Режисерот го планирал уште на почетокот на 1980-те, меѓутоа дури во 2010 година пристапил кон пишување на сценариото. Светската премиер на „Сончаница“ се одржа на 3 октомври 2014 година во Белград, а руската на Крим. Филмот беше пуштен во дистрибуција на 9 октомври 2014 година.

„Многу им благодарам на своите колеги што трудот, потрошен на овој филм, е толку високо оценет од нив“, рече Михалков. „Што се однесува до шансите, лично не ги гледам во настанатата ситуација, можам само да изразам големо задоволство и радост што моите колеги од академијата „Оскар“ ќе бидат принудени да го погледнат мојот филм. Можеби ќе допре некого од нив“.

Михалков  е добитник на наградата „Оскар“ за филмот „Изгорени од сонцето“. Номинирани беа и два негови филма: „Урга: Територија на љубовта“ и „12“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.