ФСБ: Повеќе од 5 илјади државјани на Русија и земјите од Централна Азија војуваат на страната на ИД

Претходно министерот за внатрешни работи на РФ Владимир Колокољцев соопшти дека на страната на ИД војуваат 1,8 илјади Руси.

Над 5 илјади државјани на Русија и на земјите од Централна Азија се борат на страната на „Исламската држава“, соопшти ФСБ, а пренесува ТАСС.   

Според податоците на институцијата, околу 2400 лица се државјани на РФ, соопшти првиот заменик-директор на ФСБ, генерал на армија Сергеј Смирнов по состанокот на Советот на Регионалната антитерористичка структура на ШОС во Ташкент.

„Според нашите информации, околу 2400 државјани на РФ веќе земаат учество во активноста на таа организација и тоа е мошне голем број“, потенцираше тој.  

Претходно првиот човек на МВР РФ Владимир Колокољцев соопшти дека на страната на ИД војуваат 1,8 илјади Руси. Поднесени се 477 кривични пријави“, изјави тој.

Претходно претседателот на Научно-консултативниот совет при Антитерористичкиот центар на државите-учеснички во ЗНД Мариана Кочубеј соопшти дека, според податоците на Националниот антитерористички комитет, во Сирија, во редовите на „Исламската држава“ војуваат од 800 до 1,5 илјади државјани на РФ, од кои 170 загинале. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња