Лавров: Не можете да се борите против злото со нелегални војни

Меѓународната коалиција за борба против „Исламската држава“ е изградена врз погрешни начела, а нејзините методи му противречат на меѓународното право, изјави шефот на МНР Русија Сергеј Лавров

„Коалицијата ја гледаме, за жал, како изградена врз погрешни начела. Принципите на борбата со тероризмот, се разбира, ние ги споделуваме, но не можете да се борите со злото по пат на нелегални војни“, потенцираше министерот, пишува „Взгљад“.

„Методите кои ги користи коалицијата му противречат на меѓународното право. Треба да се договарате со сите влади на чија територија постои заканата која сите сакаме да ја неутрализираме“, изјави шефот на руската дипломатија.

Лавров подвлече дека меѓународната коалиција нема никакви причини да одбива соработка со Дамаск. „Нема никакви причини да се избегнува соработка со сириското раководство кое, како прво, ѝ се спротивставува на терористичката закана, како второ, претседателот на Сирија е командант, веројатно, на најспособната копнена сила која се бори со тероризмот, и да се одбива таква можност (за соработка), да се игнорираат потенцијалите на сириската армија како партнер и сојузник во борбата со ИД значи да им се принесува како жртва на некакви геополитички схеми и калкулации безбедноста на целиот регион“, изјави Лавров.

Според Лавров, Русија и Турција се заинтересирани за почеток на цврст политички дијалог во Сирија под закрила на ООН.

„Што се однесува до сириското решение, кај нас има заедничка заинтересираност за помош за почетокот на важен, конкретен, ориентиран кон резултат политички процес под закрила на ООН во согласност со договорите кои беа постигнати со учество на Русија и Турција уште во 2012 година, таканареченото „Женевско коминике“, изјави Лавров по завршувањето на разговорите со неговиот турски колега Феридун Синирлиоглу.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња