Лавров: Постојат податоци дека САД ги знаат позициите на ИСИЛ, а не ги бомбардираат

Москва располага со информации дека САД ги знаат конкретните позиции на терористичката држава „Исламска држава“, но не издаваат наредба да се изврши напад врз нив, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Нашите американски партнери или не размислувале многу кога ја составуваа својата коалиција, или ја замислиле за други цели, а не на оние кои се најавени“, истакна Лавров. „Коалицијата настана многу спонтано: буквално за неколку дена беше објавено дека во нејзиниот состав влегуваат неколку земји и почнаа некакви напади“.

„Кога се анализира активноста на авијацијата на земјите кои ја сочинуваат коалицијата, се стекнува необичен впечаток. Понекогаш може да се помисли дека освен објавената цел, а тоа е борба против „Исламската држава“, постојат уште некои задачи на оваа коалиција“, истакна рускиот министер во емисијата „Неделно време“ на Првиот канал, пренесува „Взгљад”.

„Се надевам дека никого нема да измамам ако кажам дека некои наши колеги од земјите кои ја сочинуваат коалицијата велат дека имаат информации за тоа каде конкретно се наоѓаат одредени единици на ИСИЛ, но дека командантот на коалицијата (се разбира, САД) нема да дозволи да се нападнат овие позиции“, објасни Лавров. „нема да изведувам никакви заклучоци, можат да постојат различни процени, информации и виши причини кои ги поседува командантот и можеби другите го немаат тоа, но до нас стигнуваат такви сигнали“.

Лавров исто така изјави дека Русија продолжува да дава воено-техничка поддршка на сириското раководство во борбата против тероризмот.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња