Обама: Стратегијата на Русија во Сирија е погрешна

Претседателот на САД Барак Обама, одговарајќи на прашања на американски војници, изјави дека политиката на Русија во Сирија, која вклучува поддршка за претседателот Башар Асад, е погрешна.

Претседателот на САД Барак Обама, одговарајќи на прашања на американски војници, изјави дека политиката на Русија во Сирија, која вклучува поддршка за претседателот Башар Асад, е погрешна, пренесува „Взгљад“.

„Стратегијата до која тие сега се придржуваат за удвојување на поддршката за Асад, мислам дека е голема грешка“, рече Обама.  

Според неговите зборови, „добрата вест се состои од тоа што Русија ја дели нашата загриженост што се однесува до спротивставувањето на милитантниот екстремизам и го дели нашето гледиште дека ИСИЛ е многу опасна“, истакна Обама.

„Без оглед на нашите разногласија со Русија по прашањата што се однесуваат на ситуацијата во Украина, тоа потенцијално претставува нова сфера каде интересите се совпаѓаат“, додаде претседателот на САД. Притоа тој увери дека САД нема да ја сменат својата позиција спрема сирискиот лидер.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека САД го поддржуваат можното учество на Русија во борбата против терористичката организација „Исламска Држава” (ИД). Меѓутоа, тој одговори негативно на прашањето дали РФ е поканета да ѝ се придружи на коалицијата од 50 држави на чело со САД која нанесува удари по позициите на ИД. Тој додаде дека дијалогот со Русија околу Сирија продолжува. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.