Путин и Мадуро се договорија да го стимулираат растот на цената на нафтата

Нестабилни цени на нафтата не им одговараат на интересите на Русија и Венецуела.

Нестабилни цени на нафтата не им одговараат на интересите на Русија и Венецуела. Претседателите на двете земји, Владимир Путин и Николас Мадуро, се договорија за заеднички акции со цел да се поддржи нивниот раст, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Песков соопшти дека, според мислењето на Путин, не постојат еднозначни мерки за стабилизација на цената на нафтата и поттикнување на нејзиниот раст, но постои потреба да се усогласат активностите, пренесува „Взгљад”.

На средбата со рускиот претседател Владимир Путин лидерот на Венецуела Николас Мадуро, кој присуствуваше на кинеската воена парада во Пекинг, предложи да се разгледаат можните мерки за стабилизација на ситуацијата на нафтениот пазар.  

Од друга страна Владимир Путин истакна дека трговската размена меѓу Русија и Венецуела е значително намалена минатата година, но во 2015 година пораснала за 25%.

Мадуро повеќепати има изјавено дека ОПЕК треба да воспостави партнерски односи  со Русија за да се стабилизираат светските цени на нафтата.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.