„Не треба да им се верува на тие соопштенија“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги информациите на медиумите дека наводно руски авиони и хеликоптери ќе учествуваат во бомбардирањето и нанесувањето воздушни удари врз „Исламската држава“ на територијата на Сирија, пренесува РИА „Новости“.
Руските власти многупати имаат изјавено дека не се ни поставува прашањето за испраќање руски војници во Сирија за борба со терористичката група „Исламска држава“, како и за учеството на руска авијација во ударите врз терористите. Особено на почетокот на август за тоа зборуваше портпаролот на рускиот шеф на државата Дмитриј Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче