Медиумите соопштија дека во Сирија се појавила руска авијација

Во Сирија пристигаат руски авион кои ѝ нанесуваат удари на „Исламската држава“ (ИД) од воздух, соопшти израелското издание на „Ynetnews”, повикувајќи се на дипломатски извор.

Во Сирија пристигаат руски авион кои ѝ нанесуваат удари на „Исламската држава“ (ИД) од воздух, соопшти израелското издание на „Ynetnews”,  повикувајќи се на дипломатски извор.

Како што истакнува изданието, руски војници и авијациска техника веќе се наоѓаат во една од базите контролирана од владата во околината на Дамаск. Се претпостаувва дека веќе пристигнале авиони и хеликоптери кои ќе бидат ангажирани во борба со терористите од ИД.

Изворот тврди дека во наредните недели бројот на руски војници во Сирија може да достигне до неколку илјади, меѓу кои ќе има, меѓу останатите, советници, инструктори, пилоти на борбена авијација, припадници на противракетни единици.

Издането пишува дека извор близок до безбедносните сили на Израел рекол дека навистина има руски војници во Сирија (најмногу како инструктори и воени советници), меѓутоа, не е сигурен дали бројот што го навелдува изданието е точен. Освен тоа, тој потсетил дека Вашингтон е запознат со ова и „премолчано ја одобрува“ оваа акција.  

Според неговите зборови, треба да се има предвид дека веројатно пред неколку дена е постигнат договор меѓу Москва и Техеран за координација на делувањето, особено во врска со зголемувањето на вооружувањето на сириската војска. Покрај тоа, изворот смета дека постои голема можност Русија да добие право на користење на уште едно сириско пристанише  (покрај Тартус) за воен транспорт.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња