Лидерот на радикалната организација „Десен сектор” Дмитриј Јарош ги повика Украинците да не организираат нереди, изјавувајќи дека демонстрациите се „потег на Федералната служба за безбедност на РФ”.
„Уверен сум дека обидот сега да се предизвика крвав судир, кога сѐ уште постои голем број политички лостови со кои може да се делува на ситуацијата, претставува идиотизам и им оди на рака не само на надворешните, туку и на внатрешните непријатели“, напиша Јарош на својот Фејсбук профил, а пренесува „Взгљад”.
Според неговите зборови, „на Печорските ридови (во Киев) има многу од оние кои спијат и гледаат дека Украинците одат по патот на крвав бунт, уништувајќи ја државата, место да застанат на патот на националната револуција, да го совладаат режимот на внатрешна окупација и да ги добијат посакуваните Слобода, Правда и Благосостојба”.
„Штета што многумина вистински патриоти не сфаќаат дека ова е потег на ФСБ...“, напиша Јарош.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче