Британија огорчена поради одлуката на Шпанија да ја пушти подморницата „Новоросијск“ во свое пристаниште

Пратениците на Обединетото Кралство се огорчени од одлуката на Шпанија да ѝ дозволи на руската подморница „Новоросијск” влез во пристаништето Сеута на северниот брег на Мароко, пишува „Индепендент“.

Пратениците на Обединетото Кралство се огорчени од одлуката на Шпанија да ѝ дозволи на руската подморница „Новоросијск” влез во пристаништето Сеута на северниот брег на Мароко, пишува „Индепендент“ (The Independent), а пренесува РИА „Новости”.

Британските пратеници заедно со воените стручњаци ја обвинија шпанската влада за „јавна провокација“ насочена против Гибралтар, територија на Велика Британија на Пиринејскиот полуостров за која спори Шпанија. Според нивно мислење, Шпанија дозволила влез на руската подморница во пристаништето кое се наоѓа во близина на територијата на Гибралтар за да ги заплаши британските енклави.

„Шпанија отсекогаш ги игнорирала границите на територијалните води на Гибралтар, па дури и отвораше оган на бродови со туристи. А сега, згора на сѐ, тие ѝ дозволуваат а флота на  непријателска држава да остави подморница на оддалеченост помала од 18 милји од Гибралтар“, изјави британскиот пратеник Ендрју Розиндел.

Освен тоа, воените аналитичари се загрижени затоа што постапките на Шпанија зборуваат за отсуство на решителност на Европа да ѝ се спротивстави на Русија по прашањето за Украина.   

„За последните 18 месеци НАТО беше сконцентриран на спротивставувањето на руската агресија во Украина и тогаш една од членките на Алијансата прима напреден руски воен брод ко оди кон Црното море. Тоа е лудост и предизвикува чудење во Вашингтон“, изјави воениот експерт на американскиот аналитички центар „Heritage Foundation” Лук Кофи, додавајќи дека постапите на Шпанија ќе предизвикаат силен протест во САД, имајќи предвид дека Мадрид не им дозволува на бродовите и подморниците на САД или НАТО да се закотват на шпанскиот брег доколку биле на Гибралтар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња