Лавров: Русија добива од САД сигнали за обнова на соработката

Москва веќе добива од Вашингтон сигнали за обнова на соработката и нема намера да „флертува“ и да одбива дијалог, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Москва веќе добива од Вашингтон сигнали за обнова на соработката и нема намера да „флертува“ и да одбива дијалог, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Кога ќе предложат обнова на каналите за соработка, ние нема да флертуваме и да одбиваме. Такви сигнали веќе добиваме. Веќе се гледа дека постои сфаќање дека не беше конструктивно одбивањето на САД на билатералната претседателска комисија“, изјави тој, пренесува ТАСС.

Министерот исто така изјави дека Москва ја следи предизборната кампања во САД.

„Прогнозата е неблагодарна работа. Ние навикнавме да се раководиме од реалните факти. Се разбира, ние ја следиме предизборната кампања во САД, нејзините перипетии. Постои гледиште дека на нашата земја секогаш, уште од времето на СССР, поедноставно ѝ беше со републиканските претседатели отколку со демократските... Но искрено ќе ви кажам, не гледам голема разлика“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.