Шефот на Пентагон ја нарече Русија сериозна закана

Русија се однесува во многу аспекти „антагонистички“. Ова, како што соопштува ТАСС, го изјави во четвртокот, 20 август, шефот на Пентагон Ештон Картер.

Како што истакна министерот за одбрана на САД, Русија претставува сериозна закана за САД поради големината на нејзиниот нуклеарен арсенал. Вашингтон мора да се приспособи и да го земе предвид овој факт, изјави тој.

Картер предложи придржување до пристапот на „сила и рамнотежа“ спрема Русија. Делот со „силата“, како што појасни тој, се состои во зголемувањето на воената моќ на САД, додека делот со „рамнотежата“ предвидува продолжување на дијалогот со Русија, затоа што нејзиното поведение е „двосмислено». „Има области каде тие работат со нас: во борбата против тероризмот и многуте аспекти поврзани со неа; во одност на Северна Кореја; за Иран и во други области“, потсети шефот на Пентагон.

Истовремено министерот истакна дека Русија исто така ја смета за неопходна соработката со САД и затоа Вашингтон „ги држи вратите отворени“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња