Медиум: Руските нафтени компании заработуваат на кризата

Слабеењето на руската економија, помеѓу другото, е поврзано со падот на цената на нафтата, но руските нафтени компании на светскиот пазар остваруваат најголем профит, пишува германскиот весник „Ди Велт“ (Die Welt)

Слабеењето на руската економија, помеѓу другото, е поврзано со падот на цената на нафтата, но руските нафтени компании на светскиот пазар остваруваат најголем профит, пишува германскиот весник „Ди Велт“ (Die Welt).

„Руските нафтени концерни сега се во подобра состојба од нивните западни конкуренти. Во споредба со нив тие се попрофитабилни и поефикасни, истакнува рејтинг агенцијата „Мудис“ во извештајот за првиот квартал за 2015 година.“

Агенцијата истакнува дека руските компании пред два месеца, и покрај сите тешкотии, добиле низа предности и ја зајакнале својата финансиска состојба. Од една страна, тие се соочија со драматичниот пад на рубљата, а од друга, новиот даночен систем позитивно влијаеше на нафтениот сектор.

Едната предност се однесува на намалениот данок при ниски цени на нафтата, што е начин држава да им пружи поддршка на нафтените компании. „Додека при цена на нафтата од 100 долари извозните такси беа 69%, при цена од 60 долари тие веќе паднаа на 60%. Тоа значи дека самите компании изгубија само 20%. А загубите ги презеде државата“, пишува германскиот весник.

Другата предност е падот на вредноста на рубљата, која на фирмите кои се ориентирани кон извоз им донесе двојно повеќе пари во рубли. А со оглед дека трошоците се во рубљи, а приходите во долари, тоа значи дека дотекот на средствата се зголемува, а обртот во рубљи по минусирањето на извозните такси и даноци останува на исто ниво или е дури незначително повисок, истакнува агенцијата „Мудис“, а пренесува „Ди Велт“.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња