Русија нема да дозволи да помине ниедна санкциска резолуција во ООН против Иран

Заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков изјави дека Москва им дала до знаење на колегите од САД и ЕУ дека санкциите против Иран не го даваат очекуваниот резултат.

Русија јасно им даде до знаење на САД и ЕУ дека нема да дозволи да помине ниедна санкциска резолуција во ООН против Иран, соопшти на прес-конференцијата заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков.

„Курсот на продолжувањето на жесток пресинг, притисок за да се изнудат од Иран оптстапки многу поголеми од тоа што доби одраз во заедничкиот сеопфатен план на активности – тоа е ќорсокак. Санкциите не го даваат бараниот резултат, тие се бесполезни, нанесуваат штета... Кога беше донесена Резолуцијата  1929, последната серија од санкциските резолуции... ние јасно им ставивме до знаење на колегите од САД и ЕУ дека Русија повеќе нема да дозволи да помие ниедна резолуција со санкции против Иран“, соопшти тој.

Иран и „шестката“ меѓународни преговарачи на 14 јули постигнаа историски договор за решавање на повеќегодишниот проблем со иранската нуклеарна програма. Повеќемесечните преговори завршија со потпишување  заеднички сеопфатен план на активности чија реализација во целост ќе ги укине претходнововедените економски и финансиски санкции од страна на СБ ООН, САД и ЕУ. За договорот треба да дискутира Конгресот на САД.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.