Премиероот на РФ Дмитриј Медведев на седница на владата соопшти дека ја потпишал уредбата за проширување на списокот со земји кои потпаѓаат под руските контрасанкции.
„Сега на државите од Европската унија, Австралија, Канада, Норвешка и САД, за кои во август минатата година беа забранети испораките на неои видови земјоделски производи, им се додаде цела низа земји, имено Албанија, Црна Гора, Исланд и Лихтенштајн и под посебни услови Украина“, рече рускиот премиер, потсетувајќи дека тие држави претходно се придружиле на одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите против Русија.
„Тие ја аргументираат својата одлука со тоа што се обвзрани да ги воведат тие санкции поради цела низа спогодби со Европската унија. Но, таа позиција е делумно точна. Сакам да истакнам дека низа земји кои имаат иста таква спогодба со ЕУ, не учествуваат во санкциите против Руската Федерација. Така што присоединувањето кон санкциите е свесен избор кој ја означува подготвеноста за возвратни мерки од наша страна какви што презедовме“, истакна премиерот Медведев.
Забраната за увоз на земјоделски производи од Украина ќе стапи на сила во случај Киев да го примени економскиот дел од спогодбата за асоцијација со ЕУ што ја потпиша јуни минатата година, изјави Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче