Русија развива систем против сите средства за ПВО

Руските стручњаци работат на систем за електронско војување кој ќе може да ги одбива нападите на практично сите средства на противвоздушната одбрана.

Руските стручњаци работат на  систем за електронско војување кој ќе може да ги одбива нападите на практично сите средства на противвоздушната одбрана, а кој е базиран на нови физички принципи, соопшти генералниот директор на концернот „Радио-електронски технологии“ (во состав на „Ростех“) Игор Насенков.

„Во моментов во тек е проектирање на напредни системи за електронско војување за заштита на летала. Тие ќе имаат унапредени технички карактеристики во споредба со системот „Витебск“, ќе се користат нови физички принципи на работа, ќе имаат спосбност да ги одбиваат нападите на практично сите средства за противвоздушната одбрана“, изјави Насенков, а пренесува ТАСС.

Задачата на системот„Витебск“ е заштита на летала од сите типови ракети со инфрацрвени глави за самонаведување. Одделни модификации на „Витебск“ веќе влегоа во состав на вооружувањето на руската војска. Системот се поставува на хеликоптерите  Ка-52, јуришните авиони Су-25 и тешките транспортни хеликоптери Ми-26, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.