Титулата „Мисис Русија“ ја доби мајка на шест деца

На изборот за „Мисис Русија 2015“ победи Екатерина Кирмељ од Санкт Петербург, мајка на шест деца, беше соопштено на официјалната страница на организаторот на Фејсбук.

На изборот за „Мисис Русија 2015“ победи Екатерина Кирмељ од Санкт Петербург, мајка на шест деца, беше соопштено на официјалната страница на организаторот на Фејсбук.  

Во финалето на натпреварување, за кое задолжителни услови беа учесничките да се мажени и да имаат најмалку едно дете, се пласираа 15 жени на возраст од 22 до 43 години. 11 учеснички беа русокоси, а останатите четири – бринети, од кои едната на крајот и ја доби круната.

Екатерина Кирмељ има 37 години, два факултета, танцува, се занимава со бодибилдинг и лесна атлетика. Нејзиниот постар син има 17 години, помладиот - 12. Ќерките имаат 10, 9, 6 и 4 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња