Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу ја повлече наредбата на својот претходник Анатолиј Сердјуков за уништување на четири специјални оклопни возови кои беа дел од вооружувањето на руската армија, пренесува „ТВ Ѕвезда“.
Во составот на железничките сили на Јужниот воен округ по ремонтот и обновата на вооружувањето, сега се наоѓаат четири такви специјални возови: „Бајкал“, „Терек“, „Амур“ и „Дон“. Нивните екипажи се подготвени во секој момент да ги извршат задачите дадени од командата.
Во текот на контратерористичката операција на Северен Кавказ од 2002 до 2009 година, групата оклопни возови ѝ беше дадена на Железничките сили. По завршувањето на втората чеченска кампања, Министерството за одбрана реши дека употребата на оклопните возови не е практична и првиот човек на Генералштабот Анатолиј Сердјуков донесе одлука да се демонтира оружјето од возовите, а композициите да бидат испратени на конзервација.
Но, според одлуката на сегашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, специјалните оклопни возови ќе останат во составот на Железничките сили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче