Медиуми: Путин е убеден дека Канада ќе го смени мислењето за Г-8 ако така кажат САД

Претседателот на РФ Владимир Путин даде свој коментар на можното враќање на Русија во Г-8.

Претседателот на РФ Владимир Путин е убеден дека премиерот на Канада ќе го смени своето мислење за учеството на Русија во Г-8 ако САД му кажат дека Русија треба да се врати во состав на организацијата, соопшти агенцијата „Каданиан Прес“.

„Не сакам никого да навредам но, ако САД кажат дека Русија треба да се врати во г-8, премиерот (на Канада) ќе го смени своето мислење“, ги цитира агенцијата зборовите на Путин на средбата со шефовите на странските новински  агенции во Санкт-Петербург.

Пред почетокот на јунскиот самит на Г-7 во Германија, премиерот на Канада Стивен Харпер изјави дека Канада силно ќе се залага против враќањето на Русија во Г-8.

Г-8 се претвори во Г-7 откако организацијата во 2014 реши да не ги праќа своите лидери на самитот на неформалниот клуб на развиените земји во Сочи и се собраа без учество на Русија во Брисел. Таквата одлука беше донесено поради настаните на Крим.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.