Во Нови Сад отворена конференцијата „Балкански дијалог-2015”

Денеска во Нови Сад во хотелот „Парк“ беше отворена Меѓународната конференција „Балкански дијалог 2015“ која ќе трае од 18 до 20 јуни 2015 година.

Денеска во Нови Сад во хотелот „Парк“ беше отворена Меѓународната конференција „Балкански дијалог 2015“ која ќе трае од 18 до 20 јуни 2015 година. Организатор на настанот е рускиот Фонд за поддршка на јавната дипломатија „Горчаков”. 

Учесниците ги поздрави амбасадорот на Русија во Србија Александар Чепурин.

Научно-практичната конференција „Балкански дијалог 2015” се реализира во форма на дискусиона платформа. Нејзина цел е воспоставување на дијалог меѓу експертите и младите стручњаци од Балканот во сферата на меѓународните односи, економијата и безбедноста во меѓународното новинарство.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од 15 земји, „Балкански дијалог” ќе собере над 80 учесници од земјите на балканскиот регион. Оваа година конференцијата ќе биде посветена на проблемите на регионалната безбедност, енергетската политика на светските актери на Балканот, историските основи на современата геополитика на регионот, темата на дијалогот како пат за решавање на историските предизвици.

Во текот на пленарните состаноци, јавните предавања за младите учесници, тркалезните маси, тематските секции и средбите особено внимание ќе биде посветено на главните правци на меѓународната соработка во сферата на хуманитарните акции, економијата, политиката и културата.   

Медиумски спонзори на настанот се „Росијскаја газета”, медиумскиот центар „Руски експрес” и сајтот „Руска реч”. 

„Балкански дијалог” е годишен проект на Фондот „Горчаков”, кој се реализира во формат на научно-практична меѓународна конференција. Првата средба беше одржана во 2013 година во Бугарија на плоштадот на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски. „Балкански дијалог - 2014”  собра на тркалезната маса во Белград претставници на научната интелигенција, јавни личности и политичари од повеќето земји од Балканскиот полуостров. На маргините на конференцијата Србија ја посети претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.