ООН: Русија е на прво место во светот по бројот на примени барања за азил

Според извештајот на ОН, 99% од вкупниот број на барања за азил се од украински државјани, пренесува ТАСС.

Во 2014 година околу 275 илјади странски граѓани се обратиле до Русија со барање за азил, се вели во извештајот на Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) .

„Заведени се вкупно 274 700 индивидуални барања за азил“, се вели во документот. „Руската Федерација во 2014 година станала најголемата земја во светот по бројот на нови барања“. „Оваа цифра вклучува околу 7000 барања за статус на бегалец и околу 267 800 барања за привремен азил“. Според податоците на Високиот комесар на ООН, во претходните години бројот на барања за руски азил „никогаш не надминувал 5 илјади“.

Конфликтот во Украина, тврдат авторите на извештајот, имал решително влијание на показателите за 2014 година, затоа што 271 200 барања за азил и статус на бегалец, или 99% од вкупниот број, руските власти добиле од украински државјани.

Во целина, според извештајот, украинската криза извршила силно влијание на светската статистика за барања за азил. Вкупно, во 2014 година, УНХЦР и државите во светот регистрирале 1,47 нови индивидуални барања во врска со ова. Речиси секое петто од овие барања (288 600) било од државјанин на Украина. Барања биле поднесени во 67 земји, меѓутоа најголемиот дел  од нив се поднесени во Русија - 94%. Во Германија биле поднесени  2700 барања, во Полска и Италија по 2100, во Франција - 1400.

Бројките наведени во извештајот зборуваат дека Сиријците, кои во моментов ја чинат основната група бегалци во светот (3,88 милиони лица), во 2014 година поднеле помалку нови барања за азил од украинските државјани - 171200 наспроти 288600. Сиријците поднеле барања за азил во 109 земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.