Русија не го смета прашањето на санкциите за своја тема на разговор, таа е сконцентрирана на на тоа да живее ефикасно во тие услови.
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, одговарајќи на прашањето за можната реакција во случај на продолжување на санкциите против Русија од страна на ЕУ.
„Тоа е проблем на оние кои ги воведоа, ние се сконцентриравме ефикасно да работиме и живееме во тие услови“, изјави шефот на МНР Русија.
Одговарајќи на прашањето за можноста на обновувањето на работата на руско-американската комисија, Лавров исто така изјави: „Истиот одговор, како и со санкциите“. „Ние не ја запревме работата, ние нема да ја почнеме“, изјави министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче