Оружјето и воената техника на Русија продолжуваат да бидат барани на светскиот пазар, портфолиото со нарачки се прави со години однапред, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, а пренесува ТАСС.
Путин истакна дека на Првиот меѓународен воено-технички форум „Армија-2015“ присуствуваат делегации од 59 земји и претставници на уште поголем број држави. „Сметаме дека во текот на планираните презентации вие ќе можете уште еднаш да се убедите во високата ефикасност и сигурност на руското производство за воени намени, да откриете нови можности за долгорочни договори“, им се обрати Путин на странските стручњаци.
Според него, рускиот воено-индустриски комплекс е подготвен да го понуди целиот комплет услуги – од испорака на вооружување до постгаранциско одржување, сервис и обука на кадри.
„Потенцирам дека ние сме отворени и за соработка, заедничка работа, за заеднички разработки на перспективни примероци на вооружување, за започнување на перспективни иновациски проекти“, изјави шефот на руската држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче