Доколку американска воена техника биде распоредена во земјите на Источна Европа и Балтикот, Русија адекватно ќе одговори, изјави координаторот на Канцеларијата на генералните инспектори на Министерството за одбрана на РФ генерал Јуриј Јакубов, пренесува „Интерфакс“.
„Доколку воена техника на САД, вклучувајќи тенкови и артилериски системи, навистина се појави во голем број во земјите на Источна Европа и Балтикот, тоа ќе биде најагресивниот чекор на Пентагон и НАТО уште од времето на студената војна. На Русија ништо нема да ѝ преостане освен да ги зголеми своите сили и средства на западниот стратешки правец“, изјави Јакубов.
Тој претпоставува дека „првенствено ќе боде засилено трупањето воени трупи по должината на целата западна граница на Русија, вклучувајќи нови тенковски, артилериски и воздушни формации“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче