САД засега немаат донесено одлука за роковите и перспективите на распоредувањето на тешко вооружување во Источна Европа, изјави во саботата официјалниот претставник на Пентагон полковник Стивен Ворен.
„Во моментов немаме донесено одлука дали и кога ќе го испратиме наведеното вооружување“, изјави тој.
Според неговите зборови, „последниве неколку години американската војска го зголеми предвременото распоредување на воена опрема за подготовка и обука со сојузниците во НАТО“.
Претходно во саботата весникот „Њујорк Тајмс“ информираше за плановите на Вашингтон да распореди тешко вооружување, вклучувајќи тенкови и борни коли во Источна Европа како чекор „за задржување на можната руска агресија врз Европа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.