Медиуми: Шпионскиот авион на САД е премногу невешт за рускиот ловец

Инцидентот што се случи во воздушниот простор над Црното море во кој учествуваа американски шпионски авион и руски ловец бил многу опасен, затоа што американскиот авион нема можности за брзо маневрирање, соопшти американската телевизија „Еј-Би-Си Њуз“, а пренесува РИА „Новости”.

Според американскиот ТВ-канал, инцидентот се случил со „големиот и невешт“ американски шпионски авион кој не може брзо да маневрира. Турбулентниот проток на воздухот што се создал поради приближувањето на ловецот можел да предизвика проблеми со управувањето на американскиот авион.

Освен тоа, летот „крило до крило“ бара голема умешност на пилотот. Како што беше наведено во коментарот, таквото летање го користат „вештите руски пилоти“ за собирање податоци, особено за американските системи на вооружување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња