Камерон: Земјите кои претрпеа загуби поради антируските санкции не треба да очекуваат компензација

Европските земји кои претрпеа загуби поради антируските санкции не треба да очекуваат компензација, изјави премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.

Европските земји кои претрпеа загуби поради антируските санкции не треба да очекуваат компензација, изјави премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.

Признавајќи дека санкциите на различни начини ги погодуваат сите европски земји и дека и Велика Британија се соочува со некои загуби, британскиот премиер апелираше дека треба да се биде внимателен кога станува збор за прашањето за компензација, пренесува РИА „Новости”.

„Што се однесува до помош за други земји на Европската унија, сметам дека тука треба да бидеме внимателни... Нашиот аргумент за ова прашање не треба да биде дека на одделни земји на ЕУ ќе им ги компензираме загубите, туку се работи за тоа дека е во наш заеднички интерес светскиот систем заснован на правото да продолжи да функционира и Русија да не го нарушува. Односно, овој аргумент, треба да биде на прво место“, изјави Камерон, говорејќи во Долниот дом на британскиот парламент. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.