Литванија е против нормализација на односите меѓу Русија и Западот

Министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкјавичус изјави дека не е потребно западните земји да се стремат кон нормализација на односите со Русија, пренесува ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкјавичус изјави дека не е потребно западните земји да се стремат кон нормализација на односите со Русија, пренесува ТАСС.

 „Во текот на средбата на лидерите на Г-7 во Германија многупати можеше да се слушне апелот за излегување од дипломатскиот ќорсокак во односите со Русија поради ситуацијата  во Украина. Меѓутоа, да се прифати желбата како реалност е најлошата основа за спроведување на политиката“, напиша Линкјавичус во статија за „Вол Стрит Џурнал“.

Според неговите зборови, во 1967 година тогашниот министер за надворешни работи на Белгија Пјер Армел објави извештај во кој наведе аргументи во корист на дипломатската соработка со Советскиот Сојуз, која би довела до попуштање на напнатоста. Линкјавичус ги предупредува западните земји дека намалувањето на напнатоста на меѓународно ниво може да доведе до неповолни исходи на Запад.

„Поединци во Европа сметаат дека извештајот на Армел е потребен и денеска. Сепак, од тоа треба да се извлече поука. Главната точка во извештајот вели дека попуштањето на напнатоста не е конечната цел, туку дека приоритет е зацврстувањето на западната алијанса“, смета литванскиот министер.

 „Со таа логика би требале да се раководиме и денес. Во однос на НАТО, потребно е да се земе предвид дека треба трезвено да се разгледаат заканите, а не илузиите. Доколку планираме повторно да воспоставиме соработка со Русија, тоа мораме да го правиме на темелите на нашите вредности и обврски, а не на она што го сакаме и тоа да го претставуваме како реалност“, изјави Линкјавичус.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња