„Гаспром“: Наскоро Европа ќе дискутира со Русија не само за „Турски тек“

Заменик-претседателот на „Гаспром“ Александар Медведев истакна и дека во скоро време со Европа ќе мора да се разговара не само за дистрибуцијата на гас од проектот „Турски тек“, но и за дополнителен обем.

Заменик-претседателот на „Гаспром“ Александар Медведев истакна и дека во скоро време со Европа ќе мора да се разговара не само за дистрибуцијата на гас од проектот „Турски тек“, но и за дополнителен обем.

„Европа наскоро ќе биде принудена да разговара со Русија не само за гасоводот „Турски тек“, но и за дополнителни количини“, изјави заменик-претседателот на управата на „Гаспром“ Александар Медведев.

„Ние поаѓаме од тоа дека здравиот разум преовладува во Европа и ќе разговараме не само за распределбата на гасот испорачан со проектот „Турски тек“ до Европејците... но и наскоро ќе дојде време да се  разговара и за дополнителен обем“, изјави тој на прес-конференцијата „Извозот и зголемувањето на сигурноста на испорака на гас во Европа“.  

„Гаспром“ и турската компанија „Ботас“  на 1 декември 2014 година потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка за изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас од Русија преку Црното море до Турција. Гасоводот со должина од 1100 километри  ќе изнесува на турско-грчката граница до 47 милијарди кубни метри гас. Меѓувладиниот договор за новиот гасовод планирано е да биде потпишан во вториот квартал од 2015 година, а првите количини гас да бидат испорачани во декември 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња