Русија ќе ги разгледа можностите за приклучување на гасоводот „Источен прстен“ на „Турски тек“, изјави во вторникот премиерот на Русија Дмитриј Медведев по средбата со премиерот на Словачка Роберт Фицо.
Словачка почна да го промовира „Источен прстен“ на почетокот на 2015 година, откако „Гаспром“ се откажа од „Јужен тек“ во корист на „Турски тек“ и објави дека од 2020 година со негова помош ќе се откаже од транзитот на гас преку Украина. Преку оваа маршрута поголемиот дел од транзитниот гас пота ќе оди во Европа преку Словачка. Ако Словачка престане да биде транзитер на гас, нејзиниот буџет ќе претрпи штети, призна Фицо. Затоа „Источен прстен“ треба да биде поврзан со руско-турската маршрута, истакна тој.
„Ние сме подготвени да го разгледаме тоа што ни го нудат, и капацитети кои ќе бидат потребни, и финансирањето. Сето тоа ќе се прави во координација со маршрутата на „Турски тек“, одговори Медведев.
„Источниот прстен“ се планира да биде изграден низ Словачка, Унгарија, Романија, до Бугарија. „Гаспром“ ја обвини токму Бугарија за неуспехот на „Јужен тек“. Сепак претседателот Владимир Путин вети дека нема да ја казни Бугарија за тоа, затоа што ја допушти можноста „Турски тек“ да има крак и до Бугарија.
Отпрвин „Источен прстен“ беше планиран како маршрута за испорака на гас за Балканот од Каспискиот регион. Европа по 2020 година планира да добива гас од Азербејџан преку системот на гасоводи ТАНАП-ТАП преку Турција и Грција. Европската комисија го нарекува вој проект приоритет, а „Турски тек“ го смета за непотребен, апелирајќи да се намали зависноста од Русија. Сепак „Источен прстен“ доби поддршка од властите на ЕУ и на 13 мај беше вклучен во десетгодишниот план за развој на европските гасоводни мрежи.
Во тој период Словачка првпат јавно објави дека сака да го приклучи на гасоводот на „Турски тек“. Претставникот на Европската комисија одби да соопшти дали „Источен прстен“ ќе биде поддржан во тој случај.
Првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер во средината на април изјави дека „Турски тек“ реанимираше во регионот цела низа проекти, вклучувајќи го и „Источен прстен“ и проектот за гасоводот „ИТГИ“ од Грција за Италија. Ако „Гаспром“ биде поканет да учествува во овие проекти, тогаш тој ќе ја разгледа таквата можност, изјави тој. Во вторникот претставник на „Гаспром“ не одговори на барањето.
На крајот на мај Милер изјави дека „Источен прстен“ нема ни физибилити студија, ни состав на учесници, и не е јасно дека гасот ќе тече токму преку тој гасовод. Претходно тој објасни дека преку ТАП во Европа ќе течат само 10 милијарди кубни метри гас и дека целиот обем е веќе продаден во Европа.
„Источен прстен“ може да стане алтернативно продолжение на „Турски тек“. До овој момент сѐ уште се смета дека може да поминува низ Грција, Македонија, Србија, Унгарија, до Австрија. Но раководствата на Македонија и Србија веќе го ставија под знак прашалник своето учество во проектот откако објавија дека тоа нема да се случи без одобрување од ЕУ и САД.
Врз Македонија се врши притисок одвнатре, дестабилизацијата во неа е поврзана со желбата на земјата да учествува во „Турски тек“, изјави минатата недела претставникот на Русија во ЕУ Владимир Чижов. Тој потенцираше дека гасоводот ќе ја пресекува турско-грчката граница, за тоа веќе е постигнат договор, но проблемот е во тоа по која маршрута цевководот ќе оди понатаму.
„Гаспром“ вети дека ќе почне со изградба на „Турски тек“ кон средината на јуни, иако меѓувладините спогодби со Турција и Грција сѐ уште не се потпишани.
Медведев во вторникот потврди дека сите документи се подготвуваат и дека остои првичен договор со Турција. Минатата недела министерот за енергетика на Грција Панајотис Лафазанис изјави дека спогодбата со Русија може да биде потпишана на Петербуршкиот економски форум. С
За „Гаспром“ е важно дека почна конкуренцијата за маршрутите на „Турски тек“ во Европа, смета директорот на ФНЕБ Константин Симонов. Ако во Македонија и Србија сфатат поради „Источен прстен“ можат да останат без гас и транзит, нивната позиција дново може да се промени, смета тој. Реанимацијата на ИТГИ исто така е веројатна, и тогаш конкуренцијата ќе биде уште пожестока, резимира експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче