Икона што му припаѓала на Николај II продадена за 245 илјади фунти

Британската аукциска куќа „Сотби“ продаде за 245 илјади фунти стерлинзи икона со ликот на Свети Николај Чудотворец, која последниот руски цар Николај II од династијата Романови ја добил на подарок за својот 18 роденден, пренесува РИА „Новостиˮ

Британската аукциска куќа „Сотби“ продаде за 245 илјади фунти стерлинзи икона со ликот на Свети Николај Чудотворец, која последниот руски цар Николај II од династијата Романови ја добил на подарок за својот 18 роденден, пренесува РИА „Новостиˮ.

Иконата украсена со позлатено сребро беше најскапиот предмет на аукцијата организирана на 2 јуни, а нејзината почетна цена изнесуваше меѓу 100 и 150 илјади фунти стерлинзи. На задната страна на иконата московскиот императорски јувелир Хлебников го изгравирал натписот „За Неговото Императорско Височество Престолонаследникот од Московското здружение на трговци/мај 1886ˮ.

Втор руски предмет на аукцијата беше фигура на папагал од скапоцени камења, која царицата Александра Фјодоровна, сопругата на Николај II, ја купила во 1914 година. Фигурата, чија почетна цена беше меѓу 80 и 120 илјади фунти, не го пронајде својот купувач.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња