Европската унија „објави лов на руски вештерки“

Европскиот парламент објави „лов на руски вештерки“, смета заменик-раководителот на одделението за информирање на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Европскиот парламент, со ограничувањето на слободниот пристап до собранието на постојаниот претставник на Русија при Европската унија Владимир Чижов, објави „лов на руски вештерки“, смета заменик-раководителот на одделението за информирање на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„Се добива впечаток дека европската бирократија делумно се враќа во времето на светата инквизиција. Ловот на руски вештерки е објавен. Воведен е „индекс на руски медиуми“. Што е следното? Религиски судења на руски дипломати кои ќе се завршуваат со нивно палење на бриселските клади?“, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил, а пренесува „Взгљад“.

Според нејзините зборови, Европската унија треба „логично да образложи во што е  суштината на забраната за влез на рускиот претставник во собранието“.

Меѓутоа, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков апелираше ситуацијата да не се драматизира. „Јас мислам дека во тоа собрание во принцип не мораме ни да влегуваме, без ограничување или со ограничување таму немаме што да правиме“, изјави Рјабков, пренесува ТАСС. „Затоа што, земајќи го предвид расположението на мнозинството членови на споменатото собрание, сѐ што тие можат да кажат, сите одлуки што можат да ги донесат, можат однапред лесно да се предвидат и, за жал, секој месец има сѐ помалку разум во тие одлуки, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на Русија“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња