Претседателот на Европскиот парламент ја повика Русија да биде транспарентна за одлуките за „црната листа“

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц ги повика властите на РФ да бидат транспарентни за одлуките за списокот на лица на кои им е забранет влез на територијата на Русија.

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц ги повика властите на РФ да бидат транспарентни за одлуките за списокот на лица на кои им е забранет влез на територијата на Русија.

„Одново ги повикувам руските власти да бидат транспарентни во своите одлуки кои ќе одговараат на меѓународното право и правните норми и ќе им дадат на луѓето кои се најдоа под санкции право на одбрана и жалба“, изјави Шулц. „Во понеделник ќе разговарам со амбасадорот на Русија во ЕУ и, ако не добијам задоволителни одговори, го резервирам за себе правото да применам соодветни реципрочни мерки“.

Според зборовите на претседателот на ЕП, на црната листа има „огромен број познати и високопоставени членови на Европскиот парламент“.

Во изјавите на дипломатската служба на ЕУ од 30 мај, црната листа на Русија беше наречена неоснована.

„Ние немаме никаква информација во однос на правната основа на оваа одлука, критериумите и постапката. Ние ја сметаме оваа мерка како апсолутно своеволна и неоснована, особено земајќи го предвид отсуството на било какви објаснувања и транспарентност“, се истакнува во изјавата.

Според германските медиуми, од германските државјани на кои им е забранет влез во Русија се пратеникот во Бундестагот од ХДС Карл-Георг Велман, заменик-претседателот на фракцијата на ХДС/ХСС во Бундестагот Михаел Фукс, пратениците во Европарламентот од редовите на „Зелените“ Ребека Хармс и Даниел Кон-Бендит, генералниот секретар на Советот на ЕУ Уве Корзепиус, државниот секретар во МО на Германија Катрин Зудер, членот на ХСС Бернд Поселт и инспекторот (командантот) на ВВС Германија, генерал-потполковник Карл Милнер.

Како што пренесуваат полските медиуми, на руската „црна листа“ се наоѓаат, помеѓу другите, поранешниот министер за надворешни работи на Полска Ана Фотига, поранешниот претседател на Европскиот парламент Јержи Бусек, бившите европски пратеници Павел Ковал и Марек Мигалски, заменик-претседателот на Европскиот парламент Ришард Чарнецки, заменик-директорот на меѓународниот штаб на НАТО за логистика генерал Анджеј Фалковски и други.

Од Финска, на „црниот список“ се најде пратеничката во Европарламентот Хајди Хаутала.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња