„Ростех“ планира да го создаде најголемиот ИТ-центар во Татарстан до крајот на 2018 година

Руската државна корпорација „Ростех“ и градот Инополис склучија договор за соработка во кој главната точка се однесува на Ростех кој добива статус на резидент на посебната економска зона на новиот град.

„Ростех“ ќе изгради во новиот руски град Инополис (Татарстан) техничко-иновативен центар чија изградба е предвидена до крајот на 2018 година, соопшти државната корпорација на 29 мај за ТАСС.

Како што објаснија од „Ростех“, државната корпорација и Инополис склучија договор за соработка во кој главната точка се однесува на Ростех кој добива статус на резидент на посебната економска зона на новиот град. Темелот на идниот центар денеска го поставија вршителот на должноста претседател на Татарстан Рустам Миниханов, генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов и градоначалникот на градот Инополис Егор Иванов.

„Изградбата на центарот е планирана да заврши до крајот на 2018 година“, прецизираа од корпорацијата. Во Инополис е планирано да се сместат, на пример, специјалисти на „РТ- Информ", Националниот центар за компјутеризација, дел од вработените на Обединетата корпорација за производство на инструменти, на концернот „Радиоелектронски технологии“ и на „Роселектроника“.

Како што објасни првиот човек на „Ростех“, Националниот информативен центар и „РТ-Информ“ веќе се резиденти на Инополис. „Мислам дека во најблиско време ќе се регистрира и Обединетата корпорација за производство на инструменти и постепено ќе има низа други компании кои се во составот на „Ростех“, изјави Чемезов. „Сите компании кои работат во областа на ИТ, сите ќе бидат присутни овде“, додаде тој.

Инополис е нов град чија економија е основана врз високотехнолошки гранки. Треба да стане точка околу која ќе гравитираат стручњаците во сферата на информатичките и високите технологии. Како што беше соопштено претходно, изградбата на првиот ИТ-град во Русија, на 35 км од Казањ, се планира да заврши во јуни. Се очекува во Инополис да можат да живеат над 150 илјади луѓе.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња