Конкретни предлози за спротивставување на руската пропаганда, како и план за победа на Русија во информативна војна ќе бидат подготвени за заседанието на Европскиот совет во јуни, изјави министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкјавичус, пренесува РИА „Новости”.
„Го даваме својот максимум како држава, но покрај тоа, постојат и заеднички напори внатре во ЕУ“, рече Линкјавичус. Според неговите зборови, Литванија работи на предлози заедно со Британија, Данска и Естонија.
„Мило ми е што нашите колеги сфатија дека тоа (информативната војна) претставува голема закана. Информацијата, исто така, е оружје кое се користи за целите на пропагандата. Тоа е нешто што не смееме да го занемариме и на што мораме да реагираме. Главниот рецепт не е цензурата, туку слободата на медиумите. Можеме да победиме во информативната војна“, смета литванскиот министер.
Во извештајот на Европската комисија за надворешни работи објавен на 11 мај, се наведува дека земјите на Европската унија треба да ги откријат медиумите и организациите кои би можеле да бидат руски агенти, како и да подготви план за борба против руската пропаганда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче