Американскиот канал „Си-Ен-Ен“ подготвува емисија во која ќе објави дека Русија на лето планира да изврши голем оружен напад врз Украина, изјави заменик-директорот на информативната служба на Министерстовто за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
„Сѐ уште не успеавме да ги заборавиме критиките на американските колеги во Сочи за начинот на информирање на руските медиуми кои, како што рекоа, не придонесуваат за нормализацијата на руско-американските односи, а веќе веднаш добивме покана од дописникот на „Си-Ен-Ен“, кој го подготвува „московскиот дел“ од вашингтонската репортажа за тоа дека „Русија на лето планира да изврши голем оружен напад на Украинʼ”, напиша Захарова на својот Фејсбук профил, додавајќи дека во неверување трипати го прашала новинарот дали добро ги разбрала неговите зборови.
„Се потсетив на приказната од почетокот на 2014 година кога истиот канал хистерично соопштуваше деа Русија секој момент ќе ја нападне Украина заради „задушување“ на Мајданот“, напиша Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче